Барселона најмалку пет недели без важен фудбалер – се повредил на тренинг!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик се соочи со проблем во важен дел од сезоната, откако стана јасно дека во наредниот период нема да може да смета на еден од најважните играчи во средниот ред, Френки де Јонг.

Холандскиот репрезентативец заработил повреда на тренинг, а од клубот официјално ја потврдија информацијата и ги соопштија првичните прогнози за должината на паузата.

„Нашиот првотимец Френки де Јонг, се повреди на денешниот тренинг, станува збор за повреда на дисталниот бицепс на десната нога. Според првичните процени, ќе отсуствува меѓу пет и шест недели“, соопштија од Барселона.

Играчот за врска сезонава забележа 31 настап во сите конкуренции и постигна еден погодок, а неговата улога во организацијата на играта е од особено значење за тимот на Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×