„Каталонците“ го информирале Нико Вилијамс дека ќе му остават простор да одлучи за својата иднина, но му порачале дека нема да го чекаат цела година доколку реши да остане во Атлетик Билбао.
Нико Вилијамс е главна цел на Барселона ова лето, но во последно време се почесто се говори дека фудбалерот е на два ума и останување во Атлетик Билбао е опција, особено поради притисокот од семејството, како и ветувањето дадено на неговиот брат.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, на Камп Ноу се свесни за ваквиот развој на настаните, па го информирале фудбалерот дека ќе му остават простор да одлучи за својата иднина.
Сепака, во исто време му порачале дека нема да го чекаат цела година, односно доколку тој одлучи да остане во Атлетик Билбао, нема гаранции дека следното лето ќе се обидат да го ангажираат и практично е сега, или никогаш.
Барселона веќе работи на ангажман на Дани Олмо, и експресно ќе го насочи целиот фокус кон фудбалерот на РБ Лајпциг доколку Нико Вилијамс реши да продолжи во Атлетик Билбао.