Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона му поставила предизвик на Нејмар, напаѓачот ќе треба да постигне 15 погодоци до крајот на сезоната и на тој начин да покаже дека е подготвен за нова авантура на Камп Ноу.
На почетокот од годинава, Нејмар ја прекина соработката со Ал Хилал и се врати во Сантос, клубот каде што ја започна кариерата.
Но се шпекулира дека напаѓачот нема многу да се задржи во Бразил и веќе летоска да направи нов трансфер, неговиот план е повторно да го облече дресот на Барселона.
Како што пренесува весникот Спорт, „каталонците“ му поставиле предизвик на Нејмар.
„Прво постигни 15 погодоци во дресот на Сантос, па ќе размислиме за трансфер“ – гласела пораката на клубот од Камп Ноу.
На овој начин, Барселона ја отвара вратата за ангажман на Бразилецот, но само доколку тој покаже дека може да игра на врвно ниво и да ја врати старата форма.
Во меѓувреме, агентот Андре Кури ја коментираше можноста Нејмар да се врати на Камп Ноу.
„Како прво, никогаш не требаше да си замине од Барселона. Па доколку има можност да се врати, со задоволство ќе го направи тоа. Ако клубот реши да тргне по неговиот потпис, неговото враќање е изводливо“ – вели Анде Кури.