Барселона му постави ултиматум на Бељерин

by
1 минути читање

Екипата на
Барселона го предупреди бекот на Арсенал,
22 годишниот Ектор Бељерин, дека ќе се насочи кон
други алтернативни решенија доколку Шпанецот не даде конкретен одговор околу
неговата иднина во тимот на Арсенал во следните 10 денови.

Наводно Бељерин
изразил желба да се врати во тимот од „Камп Ноу“, од каде дојде во редовите на
премиерлигашот, Барселона верува дека Бељерин би бил идеално решение за десната
бековска позиција и одлична замена за Дани Алвес кој откако го напушти тимот минатото
лето, се создаде голема дупка на таа позиција.

Вреди да се
напомене дека Бељерин пред извесен период потпиша долгогодишен договор кој го
обврзува на верност со Арсенал со 2023. година,
па „Топчиите“ се во одлична позиција во евентуални
преговори со Барселона.

Како и да е,
Арсенал мака мачи да ги задржи најдобрите фудбалери во своите редови ова лето
за идната сезона, како главни приоритети на клубот летово се чини дека се
продолжување на соработките со Месут Озил и Алексис Санчез, за кои исто така
има голем интерес во Европа.

Случајот со Бељерин додатно ќе го зголеми притисокот врз Арсен Венгер на кого и ова лето му се губи трага, барем кога станува збор за засилувања и креирање конкурентен тим за титулата во Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани