Барселона му подготвува спектакуларен дочек на Лео Меси!

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона стави крај на новите гласини поврзани со евентуално враќање на Лионел Меси. И покрај шпекулациите кои повторно се појавија во последниот период, шампионот на Шпанија јасно порача дека не преговара за негов камбек.

Меси има важечки договор со Интер Мајами и според сите процени таму ќе ја заврши кариерата. Претседателот Жоан Лапорта истакна дека клубот не планира трансфер, но дека ќе му приреди збогување достојно за легенда кога ќе дојде вистинскиот момент.

Ќе го поздравиме Меси пред полн стадион. Тоа ќе биде со 105.000 навивачи на Барселона кои ќе можат да му се заблагодарат за сè што направи за нашиот тим“, изјави Лапорта.

Каталонците и понатаму инсистираат дека враќањето на Меси не е тема, но дека вратите на Камп Ноу ќе бидат широко отворени за неговото официјално збогување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×