Екипата на Барселона се пласира во осминафиналето на Купот на кралот, откако славеше на гостувањето кај четвртолигашот Барбастро (0-4).
Гигантот на ова гостување истрча со комбиниран состав, ама и тоа не го спречи да дојде до убедлив триумф. Ерик Гарсија го отвори резултатот во 21. минута, а десет подоцна стрела Роберт Левандовски за 0-2. На стартот на вториот дел полскиот напаѓач повторно погоди, а точка на победата стави Пабло Торе во 56. минута.
Севиља се избламира и загуби со 4-1 на гостувањето кај второлигашот Алмерија. Иако поведе со голот на Лука Ромеро во петтата минута, но потоа домаќинот се распука. Прво израмнување донесе Марези, а потоа Луис Суарез постигна хет-трик за убедлив триумф.
Бетис си ја заврши задачата откако минимално ја совлада Хуеска (0-1).