Барселона лесно се справи со Гранада и запиша три нови бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона тешко го кршеше отпорот на Гранада, но откако го стори тоа дојде до убедлив триумф. Каталонците на овој меч беа без Лионел Меси но тоа не се одрази на резултатот.

Натпреварот беше отворен во 44. минута со прекрасен лоб удар на Луис Суарез. По пет минути игра во вториот дел Гранада дојде до изедначување преку Бога.

Но само девет минути подоцна Пако Алкасер го врати водството на Барселона од 2-1. Сауниер си постигна автогол за 1-3, а Нејмар во судиското продолжение ги постави конечните 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани