Барселона лесно ја совлада Мајорка но заборави на фер-плеј, спорен гол на Торес (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Барселона со победа ја отвори новата сезона, момците на Ханси Флик вечерва со 0-3 славеа на гостувањето кај Мајорка.

„Каталонците“ ја започнаа одбраната на титулата во Ла Лига со лесна победа и три бода од незгодното гостување кај Мајорка.

Вечерва, момците на Ханси Флик без многу проблеми стигнаа до триумф од 0-3.

Резултатот беше отворен во 7. минута, Рафиња остана сам на подалечната статива и со глава ја затресе мрежата за 0-1.

Торес во 23. минута зголеми на 0-2 под спорни околности, еден фудбалер на Мајорка лежеше на тревата откако топката го погоди во глава, но Барселона заборави на фер-плеј, продолжи со нападот и постигна нов гол.

Мајорка до крајот на првото полувреме влезе во дополнителни проблеми откако Морланес беше исклучен поради два жолти картони, а и Мурињо беше исклучен со помош на ВАР за еден опасен старт врз голманот Жоан Гарсија.

Па второто полувреме помина во целосна доминација на гостите, кои во последните мигови од мечот само ја потврдија победата со голот на Ламин Јамал.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×