Барселона конечно се враќа на Камп Ноу, но…

by bojan
1 минути читање

„Каталонците“ соопштија дека ќе го пречекаат Атлетик Билбао на „Камп Ноу“ во сабота 22. ноември, добиени се потребните документи за да се игра фудбал на реновираниот стадион.

По две ипол години пауза, Барселона се враќа на „Камп Ноу“, во сабота ќе го пречека Атлетик Билбао во рамките на 13. коло во Ла Лига.

На 7. ноември, „каталонците“ одржаа отворен тренинг на „Камп Ноу“, тестот беше успешен, па добиени се потребните документи за да се игра фудбал на реновираниот стадион.

„Сонувавме за враќање, сега сме тука. Се вративме дома, се вративме на „Спотифај Камп Ноу““ – гласеше известувањето на социјалните мрежи.

Но за почеток на трибините ќе има 45.401 гледачи, и ќе поминат месеци за целосно да заврши реконструкцијата и стадионот да оперира со капацитет од 105.000 гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×