302
Нок кикс на
Барса, избраниците на Валверде само со бод се враќаат од гостувањето во
Памплона.
Домаќините
одлично го отворија мечот и поведоа веќе во 6. минута. Торес со прекрасен волеј
биеше неодбранливо за 1-0.
Барселона се
врати во игра на стартот од вториот дел кога нововлезениот Ансу Фати прекрасно
со глава биеше за 1-1 и стана најмладиот стрелец во историјата на
„каталонците“. Десетина минути подоцна дојде до комплетен пресврт. Уште еден
играч кој доби шанса од клупата, Артур прецизно биеше за 1-2.
Сепак, на десет
минути до крајот, Пике направи пенал а Торес од белата точка израмни на 2-2.