Барселона ќе жртвува тројца играчи за да го регистрира Рашфорд

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

„Каталонците“ наскоро ќе го комплетира трансферот на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, но за да може да го регистрира, Барселона ќе мора да продава и да жртвува неколку играчи.

Изминатиов викенд, Барселона и Манчестер јунајтед си подадоа рака за позајмица на Маркус Рашфорд, кој синоќа доцна вечерта пристигна на југот на Шпанија на лекарски прегледи.

Се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда на трансферот, но останува да се види кога тој ќе биде регистриран во Ла Лига.

„Каталонците“ ќе мора да продаваат за да се отвори место во буџетот, и први на излезна врата се три имиња.

Станува збор за голманот Ињаки Пења, дефанзивецот Андреас Кристенсен и младиот напаѓач Пау Виктор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×