190
Тонали има само 19-години, а ќе биде еден од најбараните играчи на пазарот во летниот преоден рок.
Новиот Пирло како што го нарекуваат се поврзуваше речиси со сите гиганти од Серија А, но интерес за него има и од Барселона.
„Кориере дела Сера“, тврди дека Барселона ќе понуди 60 милиони евра за да го донесе Тонали во тимот за следната сезона.
Менаџерот на Тонали изјави дека претседателот на клубот Масимо Селино добил многу важна понуда за играчот, но не сака да му каже до крајот на сезоната, сака тоа да биде изненадување за фудбалерот.
Се шпекулира дека ПСЖ може да понуди и повеќе од Барселона, а во Италија најсериозни кандидати за неговиот потпис се Интер и Јувентус.