Лионел Меси и покрај желбите на сите заинтересирани страни замина од Барселона и одамна го затвори тоа поглавје во животот. Поради лошата финансиска состојба клубот не можеше да му понуди договор на Аргентинецот, па двете страни не се разделија во најдобри односи.
Претседателот Жоан Лапорта сепак реши да направи чекор кон поправка на односите. Најави дека клубот ќе подготви план и ќе изработи статуа посветен на Меси, која ќе биде поставена пред реновираниот Камп Ноу. Така Барселона сака симболично да му оддаде почит на играчот што со години ја носеше екипата и го предводеше кон бројни трофеи.
Меси со Барселона освои голем број титули и индивидуални признанија, а по заминувањето од Каталонија ја продолжи кариерата во ПСЖ и во Интер Мајами.