Ханси Флик според последните информации од Шпаија ќе добие нов договор во Барселона.
Како и што можеше да се очекува, управата на чело со Жоан Лапорта одлучила да му понуди нов договор на Флик со подобри услови до летото 2027 година.
Акттуелниот договор кој го имаше Флик истекуваше наредното лето, јуни 2026 година, но сега тој добил продолжување на дополнителна уште една годинда до 2027.
Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона му понудил на Флик подолг договор, но тој порачал дека сака да оди сезона по сезона и дека повторно ќе преговара наредната.
Интересно е што Флик побарал и да се обноват договорите на: Жил Кунде, Френки Де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња. Сите четворица под водство на Флик направија исчекор во кариерата и ги подобрија своите настапи во каталонскиот дрес.
Најголем знак прашалник е Де Јонг бидејќи тој има договор до 2026 година и до сега одбиваше да преговара. Ерик Гарсија исто така има договор до следното лето, но тој сега сака да остане, баш како Кунди и Рафиња кои имаат договори до 2027 година.
Кога во прашање се засилувањата, Флик дал зелено светло за доведување на Нико Вилијамс кој има клазула од 60 милиони евра, но тука проблемот е што Арсенал му нуди поголема плата зап преселба во Лондон. Освен крилен напаѓач, Флик сака да ја засили и конкуренцијата на Кунде, па така може да се очекува интересно лето во Барселона.