Барселона е во преговори за ангажман на Фисник Аслани, новата ѕвезда на Косово признава дека е лудо колку многу му се променила кариерата во краток временски период, пред година дена играл во втора лига и вредел 800.000 евра.
23 годишниот Фисник Аслани на најдобар можен начин ја искористи шансата која оваа сезона ја доби од Хофенхајм, па со одличните партии и 8-те погодоци во Бундеслигата, го привлече вниманието на многу клубови.
Тој дури и се најде на радарот на Барселона и се водат преговори за преселба на Камп Ноу во зделка вредна околу 30 милиони евра.
„Барселона навистина е заинтересирана за Аслани и каталонскиот клуб веќе оствари контакт со него“ – изјави агентот на напаѓачот, Ајман Дамани.
И самиот Фисник Аслани признава дека е лудо колку многу му се променила кариерата во краток временски период.
„Пред година ипол играв во Елверзберг (втората лига на Германија) и мојата пазарна вредност изнесуваше 800.000 евра“ – вели Фисник Аслани.
„Сега вредам 30 милиони! Лудо е колку многу можат да се променат работите во краток период“.
ФОТО: X/TSG Hoffenheim