Барселона ја наполни мрежата на Спортинг Хихон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона немаше проблем со Спортинг Хихон, буквално ја наполни мрежата на противникот давајќи му шест гола.

Резултатот беше отворен уште во 9. минута кога Меси постигна гол за водство од 1-0, само две минути подоцна Родригез си постигна автогол за водство од 2-0.

Во 21. минута Спортинг се врати во игра со гол на Кастро, но тоа траеше само кратко, во 27. минута Суарез со убав волеј зголеми на 3-1.

Во второто полувреме Барселона постигна уште три гола, Пако Алкасер зголеми на 4-1, Нејмар го постигна петтиот гол за Барса, а Ракитиќ во финишот стави точка на победата.

Убедлива победа славеше и Виљареал кој со 4-1 победи на гостувањето кај Осасуна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани