Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Барселона доставила понуда за ангажман на Дани Олмо, но РБ Лајпциг веднаш го одбил предлогот.
Првиот обид на „каталонците“ за ангажман на Дани Олмо бил неуспешен, РБ Лајпциг веднаш ја одбил понудата.
Се шпекулира дека Барселона на маса ставила фиксен дел од 40 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси, со тоа што фиксниот дел би се плаќал на неколку рати.
РБ Лајпциг кажал НЕ поради две причини, не се задоволни ниту од сумата, ниту од условите за плаќање.
„Биковите“ бараат 60 милиони евра без бонуси и парите да ги добијат веднаш, какви што беа условите во откупната клаузула која важеше до 20. јуни.
Прегворите ќе продолжат, Барселона ќе се обиде да пронајде компромис и да го врати Дани Олмо во своите редови.