Се чини дека
интересот од Реал Мадрид за Французинот Осман Дембеле предизвика паника кај
Каталонците, па тие испратија најнова понуда вредна фантастични 140 милиони
евра.
Дембеле не се
појави на тренингот на Борусија Дортмунд по што тренерот на „Милионерите“,
Петер Бошч во изјава за германските медиуми го кажа следново…
„Дембеле не
тренираше денеска и навистина не знам која е причината. Разговарав со него и
тој во тие моменти беше во Париз со свои пријатели. Не ми кажа ништо за
евентуално заминување од клубот, се обидовме да го лоцираме, но безуспешно“
Спортскиот
директор на Борусија Дортмунд, Михаел Зорц вчера најави санкции за фудбалерот,
а останува отворено прашањето како ќе реагира тимот од Дортмунд на втората
понуда од Барселона.