Барселона испиша историја: Вакво нешто не направила никогаш претходно, а сега во само десет дена!

by Стефан
1 минути читање

Од враќањето на реновираниот стадион, тимот на Ханси Флик пред домашната публика оствари четири триумфи – против Алавес, Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт.

Но покрај максималниот учинок дома, Барселона испиша и историја. На последните четири натпревари во сите конкуренции, каталонците победија по пресврт.

Ова е првпат во историјата клубот да врзе четири последователни победи со пресврт и тоа во период од само десет дена.

На тоа треба да се додаде и дека Барселона во овој период од „минус пет“ во однос на Реал Мадрид дојде до „плус четири“.

Викендов Барса ја пречекува Осасуна и тоа ќе биде натпевар во кој Барселона ќе се обиде да дојде до петтиот трумф во низа на „Камп Ноу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×