Барселона има три опции за наследникот на Левандовски

by bojan
1 минути читање

Новинарот Матео Морето вели дека Барселона има три опции за наследникот на Роберт Левандовски – ангажман на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, трансфер на Хари Кејн од Баерн Минхен или купување на млад и перспективен напаѓач.

Роберт Левандовски ги одработува последните месеци од договорот и се чини дека Полјакот нема да добие нова соработка, па летоска ќе го напушти „Камп Ноу“.

Новинарот Матео Морето вели дека Барселона има три опции за наследник на Роберт Левандовски.

Претседателот Жоан Лапорта сонува за ангажман на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Аргентинецот се посочува како прва желба.

Алтернатива е Хари Кејн, за кого се говори дека летоска ќе има откупна клаузула од околу 65 милиони евра.

Покрај овие двајца, третата идеја е да се донесе млад напаѓач со голем потенција, во моментов конкретно име не се споменува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×