„Каталонците“ како приоритет на трансфер пазарот имаат поставено ангажман на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но за реализирање на една ваква зделка, прво ќе треба да продаваат.
Нико Вилијамс е еден од играчите кои прикажуваат импресивни партии на Европското првенство, па често неговото име е дел од трансфер шпекулациите.
Се говори дека раководството на Барселона го има поставено како приоритет неговиот трансфер, и сакаат да го спојат офанзивното дуо од репрезентацијата (заедно со младиот Ламин Јамал) за да им парираат на Реал Мадрид.
Но зделката воошто не е лесна и покрај тоа што Нико Вилијамс има откупна клаузула од 58 милиони евра (одредени извори пишуваат дека е уште пониска, односно 50 милиони евра).
Барселона е во лоша финансиска ситуација, и ќе мора прво да продава и да жртвува некое звучно име.
Во моментов се шпекулира со Рафиња и Роналд Араухо, еден од нив, па дури и двајцата, би можеле да бидат продадени.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.