„Ел Мундо Депортиво“ на својата насловна страна го претставува планот Б на Барса во случај да не успеат да го купат Кутињо.
Барса во последен момент ќе се обиде да ангажира некоја од ѕвездите, Антоан Гризман, Пауло Дибала или Томас Лемар.
На почетокот од преодниот рок Гризман силно се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но тој одлучи да остане во Атлетико Мадрид поради казната на клубот да не може да купува нови играчи. Се верува дека одговорот ќе биде негативен и ако Барса тропне на вратата на Гризман.
Втор на списокот е Пауло Дибала кој има одличен старт на сезоната со Јувентус постигнувајќи хет-трик во победата над Џенова. Италијанскиот шампион нема да го продаде Дибала под 120 милиони евра, а со оглед на тоа дека е самиот крај на преодниот рок, се очекува да ја одбијат било која понуда од Барса.
Најреална цел од планот Б е Томас Лемар од Монако. Во изминатите денови Лемар силно се поврзува со Ливерпул, тој треба да биде замената за Кутињо ако Бразилецот отиде во Барса. Но ако Барселона не успее да го купи Кутињо, реална цел е да го ангажира Лемар.
B for BUYelona. pic.twitter.com/BxD9MX5tve
— M•A•J (@UltraSuristic_) August 29, 2017