Барселона и Ламин Јамал официјално ја продолжија соработката. Новиот договор ќе го задржи суперталентираниот крилен напаѓач на „Камп Ноу“ најмалку до 2031 година.
Момчето од Ла Масија доби и нов број. Од следната сезона ќе ја носи „десетката“, симболот на Лионел Меси. Иако пред него ја носеа и Марадона, Ромарио и Роналдињо, никој не остави такво наследство како Аргентинецот. Последен што ја доби беше Ансу Фати, но тој не ја оправда довербата. Со оваа одлука, Барса јасно порача кого гледа како вистински наследник. Јамал добива огромна чест, но и огромна одговорност.
Новата ера започнува и на финансиски план. Јамал ќе биде најплатениот фудбалер во тимот, пред Роберт Левандовски и Френки де Јонг. Клубот му дава статус што го имаат само најголемите ѕвезди за да го задржат.