139
Се работи за фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Мирален Пјаниќ за кој се интересираат двата најголеми шпански клубови.
Според каталонски „Спорт“ и „Скај Спортс“, Реал Мадрид во Пјаниќ гледа идеална замена за Лука Модриќ кој веројатно ќе си замине ова лето од Бернабеу.
Додека францускиот сајт „Онз Мондијал“ пишува дека и Барселона исто така се интересира за босанскиот фудбалер.
Цената на Пјаниќ се шпекулира дека е околу 65 милиони евра. Тој во Јувентус дојде од Рома во 2016 година кога беше активирана откупната клаузула вредна 32 милиони евра. Тоа значи дека актуелниот италијански шампион би заработил повеќе од двојно за продажба на Босанецот.