Барселона и Реал Мадрид до крајот на сезоната ги чекаат две „финалиња“, но имаат и „пеколен“ распоред!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид ќе се сретнат во големото финале од Копа дел Реј за првпат од 2014 година.

Барселона го победи Атлетико Мадрид со резултат 1-0 и со вкупен резултат 5-4 закажа финале со Реал кој еден ден претходно го елиминираше Реал Сосиедад.

Барса и Реал така закажаа „Ел  Класико“ на стадиоот „Ла Картуња“ на 26-ти април, но покрај тоа ќе одиграат уште едно „финале“ во борбата за титула.

Барселона го пречекува Реал Мадрид на 11-ти мај и во овој момент има три бода повеќе, па извесно е дека тој натпревар многу ќе одлучува.

Од останатиот распоред Барселона го дочекува Бетис, па потоа ќе се соочи со Борусија Дортмунд, а пред реваншот во Германија ќе гостува и кај Леганес, потоа пред финалето во купот каталонскиот гигант ќе одигра два домашни натпревари со Селта и Мајорка.

Реал исто така има тежок распоред, го чека двомеч со Арсенал, па натпревар со Валенсија, апомеѓу натпреварите во Лигата на шампионите гостува кај Алвес.

Пред финалето од „Купот на кралот“ ќе се соочат со Атлетик Билбао и гостуваат кај Гетафе.

За крај помеѓу лигашкото „Ел Класико“, Барселона ќе гостува кај Ваљадолид, а Реал Мадрид ја дочекува Селта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани