289
Барселона фуриозно го стартуваше мечот против Виљареал, поведе со гол на Гризман уште во шестата минута од мечот, асистираше Меси од корнер.
Девет минути подоцна Артур постигна прекрасен гол од далечина за водство на Барса од 2-0.
Во тој период изгледаше дека на Виљареал му претстои катастрофа, но не беше така.
Жолтата подморница даде гол преку Казорла во 44. минута и цело време беше во игра. Сепак Барселона успеа да ја сочува предноста и на крајот да слави со 2-1.
Црна дамка од овој меч е повредата на Меси, на неа се пожали околу 30та минута, го доигра првото полувреме но остана во соблекувалната.