Барселона со трофеј ја започна новата сезона откако со пресврт ја совлада Севиља со 2-1.
Натпреварот беше отворен рано, уште во осмата минута Сарабиа постигна гол кој најпрво беше поништен поради офсајд, но во консултација со ВАР погодокот беше признаен и Севиља поведе со 1-0.
На три минути пред крајот на првото полувреме Меси изведе слободен удар, топката удри во стативата и дојде до Пике кој ја смести во мрежата за 1-1. И овој пат судијата се консултираше со ВАР, но се беше регуларно.
Победничкиот гол за Барселона беше постигнат во 78. минута кога Дембеле биеше прекрасно од далечина за триумф од 2-1.
Ова беше 33. трофеј за Лионел Меси во дресот на Барселона со кој стана најтрофејниот фудбалер во каталонскиот клуб, претходно беше израмнет со Иниеста.