Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот, Флик остана перфектен во финалињата! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона го освоија Суперкупот на Шпанија откако во вечерашното финале во Саудиска Арабија го совладаа Реал Мадрид со 3-2.

Каталонскиот гигант на тој начин ја одбрани титулата освоена минатата сезона, а ова е вкупно 16. трофеј од Суперкупот за Барселона, со што цврсто се наоѓа на врвот на листата во Шпанија. Зад нив е токму Реал Мадрид со 13 освоени пехари.

Од самиот почеток на натпреварот Барселона ја презеде иницијативата и целосно ја контролираше играта. Каталонците создаваа шанси и заслужено дојдоа до водство во 36. минута, кога Рафиња погоди по одличното додавање на Фермин Лопез.

Вистинска драма следеше во судиското надополнување од првото полувреме. Најпрво Винисиус Жуниор покажа класа и со одличен гол израмни на 1-1. Само две минути подоцна, Роберт Левандовски во свој препознатлив стил ја искористи маестралната асистенција на Педри и повторно ја донесе Барселона во водство. Сепак, возбудувањата не завршија тука, бидејќи Гарсија во шестата минута од судиското надополнување погоди за 2-2.

Реал Мадрид подобро го отвори второто полувреме и имаше неколку одлични можности, но на висина на задачата беше голманот Гарсија, кој со низа интервенции ги запре обидите на напаѓачите на „кралевите“.

Одлучувачкиот гол падна во 73. минута, кога Олмо одлично го проигра расположениот Рафиња, кој во пад и со мала помош од дефанзивец на Реал успеа да го совлада Куртоа за 3-2, резултат што на крајот се покажа и како конечен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×