Екипата Барселона во овој преоден рок успеа да го ангажира шведскиот талент Рони Бардџи, кој пристигна од редовите на Копенхаген.
Младиот 19-годишен офанзивец потпиша договор на четири години, а според шпанските медиуми, трансферот на шведскиот репрезентативец вреди околу 2,5 милиони евра. Бардџи важи за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација и во Барселона веќе го гледаат одличен влог за иднината.С
Сега познати италијански инсајдер, Фабрицио Романо открива дека каталонскиот би можел да го обезбеди и потписот на неговиот четири години помлад брат, Рајан Бардџи. Бардџи е исто така дел од Копенхаген, но со 15 години настапува во младинските категории. Барселона според информациите сака да го доведе и тој да продолжи да се развива во Каталонија.
Браќата Бардџи во Копенхаген пристигнаа во 2020 година од Малме, а Рони веќе во 2022 година доби шанса во првиот тим. Оттогаш, забележа 84 настапи и постигна 15 голови, а притоа освои три шампионски титули и два Купа на Данска, оставајќи силен впечаток во домашниот шампионат.