Барселона има во
план да ги продаде правата од „Камп Ноу“ во времетраење од една година, со цел
средствата кои ќе бидат соберени од таа операција да бидат насочени во битката
против коронавирусот.
За прв пат
каталонскиот гигант доаѓа до една ваква идеја во сопствената историја, ако се
земе во предвид фактот дека името на познатата фудбалска арена не било никогаш
променето, а тоа би требало да се случи за сезоната 2020/21.
Средствата кои ќе
се соберат од овој проект ќе бидат користени во фондот за „Ковид-19“, проект
управуван за битката со коронавирусот, избран од спонзорите, како и преку
клупската фондација, а Шпанија е една од најпогодените од заразата ширум
Европа.
Жорди Кардонер,
првиот потпретседател на Барселона, како и фондацијата на клубот јавно посочи
дека овој проект во голема мера би помогнал од финансиски карактер во битката
со коронавирусот.
„Многу сме среќни
поради фактот што имаме можност за една ваква иницијатива која нуди едно
историско име на нашиот стадион, па така според наложените инструкции,
организациите и бизнис компаниите кои ќе учествуваат би биле од голема важност
во битката против „Ковид-19“, со оглед на фактот што инвестицијата ќе биде
користена за финансиска поддршка за проекти кои ќе бидат истражувачки за оваа
болест, како и проекти кои ќе работат на намалување на заразата“ вели Кардонер.
„Камп Ноу“ беше
отворен во 1957. година, ќе го задржи своето име но со вклучен спонзор во
истото, а одлуката околу новиот спонзор треба да биде одобрена на генерален
состанок на високите клупски претставници.