162
Како што беше пракса во последните натпреевари против најголемиот ривал, така и во претстојното „Ел Класико“ фудбалерите на Барселона ќе играат со специјални дресови.
Според договорот со „Спотифај“ кој е спонзор на клубот, Барселона во дерби средбите со Реал Мадрид промовира некој од пејачите кои имаат договор со оваа музичка компанија.
Така сега тие против Реал Мадрид ќе играат со логото на новиот албум на Ед Ширан.
„Навистина сум горд што мојот албум ќе биде на дресот на Барселона, клуб за кој и навивам“, призна пејачот.
𝗣𝗹𝗮𝘆 como Lamine@spotify @edsheeran ▶ pic.twitter.com/xS23UONmte
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 14, 2025