Барселона ризикува да остане без првото засилување за сезоната 2024/25, „каталонците“ се покуси за 100 милиони евра и не можат да му гарантираат на Гидо Родригез дека ќе биде навреме регистриран.
Барселона треба да најде 100 милиони евра до 30. јуни за да се врати на правилото 1:1, и да нема проблеми при регистрацијата на новите засилувања.
Но до овој момент нема никаков абер за тоа како Жоан Лапорта и неговите соработници ќе ги обезбедат овие средства, и неизвесноста ги мати трансфер плановите.
„Каталонците“ подолго време имаат договор со Гидо Родригез, но Мундо Депортиво сега објави дека големи се шансите зделката да пропадне.
Проблем е тоа што Барселона ветила дека до 31. мај ќе му даде гаранции на Аргентинецот дека навреме ќе биде регистриран, а во моментов нема услови за тоа.
Во спротивно, Гидо Родригез добива одврзани раце да преговара со други клубови, и како што пишува МД, интересот е прилично голем и фудбалерот од средниот ред има неколку предлози на маса.