Барселона добива нов удар на трансфер пазарот, Луис Диаз се договорил со Баерн

by bojan
1 минути читање
Луис Диаз од Ливерпул е планот Б на Барселона

Медиумите од Германија објавија дека Баерн Минхен постигнал вербален договор со Луис Диаз и сега ќе треба да пронајдат дил со Ливерпул за трансфер на Колумбиецот.

„Каталонците“ минатата недела доживеаја понижување откако втора година по ред извисија во намерата да го ангажираат Нико Вилијамс, офанзивниот фудбалер не ги доби бараните гаранции па ја продолжи верноста со Атлетик Билбао до 2035.

Луис Диаз од Ливерпул беше планот Б на Деко и Жоан Лапорта, но последните информации велат дека Барселона добива нов удар на трансфер пазарот.

Како што пренесува Билд, Баерн Минхен по повредата на Џамал Мусиала ги интензивирал преговорите со Луис Диаз и постигнал вербален договор со напаѓачот.

„Баварците“ сега ќе треба да пронајдат дил со Ливерпул, „црвените“ до овој момент одбиваа да преговараат за трансфер.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×