140
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, конечно доби добри вести во пресрет на продолжението од сезоната. Германскиот стратег сега знае кога ќе може да смета на Ламин Јамал и Рафиња, кои беа надвор од терените поради полесни повреди.
Двајцата офанзивци ќе се вратат веднаш по репрезентативната пауза и ќе бидат подготвени за каталонското дерби со Џирона, кое е закажано за 18 октомври. На нив ќе им се приклучи и Фермин Лопез, со што Флик повторно ќе го има речиси целиот состав на располагање.
Барселона се надева дека со враќањето на повредените играчи ќе се врати и во победничка форма, по тешкиот пораз од Севиља со 4-1. Каталонците моментно имаат два бода помалку од лидерот Реал Мадрид.