Ако на Барселона и беше тешко во изминатите недели да го договори трансферот на Погба, сега ќе и биде уште потешко, но според „Телеграф“ тие нема да се откажат се додека трае преодниот рок во Шпанија.
Трансфер периодот во Англија заврши во четвртокот, на ден пред почетокот на новата сезона, тоа значи дека англиските клубови не можат да регистрираат нови играчи, но можат да продаваат.
За разлика од Англија, во Шпанија преодниот рок трае по старо, до 31. август, па информациите велат дека Барса ќе притиска до тој датум за Погба.
Ако го продаде Погба, Манчестер јунајтед нема да може да ангажира негова замена дури до јануарскиот преоден рок, па не е за верување дека францускиот фудбалер би добил зелено светло за трансфер без разлика на тоа каква ќе биде понудата.