Барселона бесплатно се засилува со фудбалер на Арсенал?

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона во јануарскиот преоден рок би можела да се засили со Томаш Парти на кого му истекува договорот со Арсенал.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона ја следи ситуацијата со Парти и е спремна да му понуди договор и да го доведе без оштета.

Каталонците на тој начин веќе го обезбедија потписпт на Ханси Флик кој ќе ја засили конкуренцијата во одбраната. Парти со своето искуство би можел да помогне во младиот среден ред на Барселона, иако е прашање каква минутажа би имал покрај: Де Јонг, Марк Касадо и Марк Бернал кој се врати по тешката повреда.

Во редовите на Арсенал Парти пристигна летото 2020 година за сума од 50 милиони евра од Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×