Барса знае колку треба да плати за да го врати Нејмар, медиумите од Шпанија со нови детали

by
1 минути читање

Мундо Депортиво
вчера одново објави дека Нејмар сака повторно да го облече дресот на Барселона,
а на оваа вест се надоврза и РАК 1, со информација дека претседателот на
клубот, Жозеп Мариа Бартомеу побарал мислење од Лео Меси и останатите ѕвезди и опипал терен за еден ваков сензационален трансфер.

Сега на оваа тема
се огласи и Кадена СЕР, во емисијата Ел Ларгуеро се вели дека лидерите на Барса
веруваат дека Нејмар има договор со „Светците“ според кој може да замине
следното лето за 220 милиони евра.

Доколку ниту еден
клуб не е подготвен да ја плати оваа сума, Бразилецот може да замине во 2020 за
200 милиони евра.

Досега во голем
број наврати се пишуваше дека Нејмар има клаузула според која може да го напушти Париз, но ПСЖ постојано ги негираше ваквите информации и посочуваше дека
правилата во Франција не дозволуваат откупна клаузула во договорите на
играчите.

Останува да се
види каква ќе биде иднината на Нејмар, но според СЕР, на Камп Ноу се убедени
дека Нејмар нема долго до остане на Паркот на Принцовите и сигурно ќе замине во
2020 ако не и порано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×