Како што пренесува Спорт, Барселона и Френки де Јонг си подале рака за нова соработка до јуни 2029 година, деталите се испеглани, останува само уште да се стави потпис на документите.
Барселона и Деко завршија голема работа, го убедија Френки де Јонг да ја продолжи верноста.
Холанѓанецот, за кого беа платени преку 80 милиони евра, ја одработува последната година од договорот и летоска може беспари да си замина од Камп Ноу.
Сепак, откако Френки де Јонг го промени агентот, набрзина беше направен голем прогрес и како што вечерва пренесе весникот Спорт, двете страни си подале рака за нова соработка до јуни 2029 година.
Деталите се испеглани, останува само уште да се стави потпис на документите.
ФОТО: X/FC Barcelona