22
Фудбалерот на Барселона, Педри поради повреда ќе биде надвор од терените околу еден месец, соопшти денес шпанскиот клуб.
Како што информира Барселона, Педри ја повредил десната тетива на средбата од Лигата на шампионите против Славија од Прага, која се одигра во средата. Каталонскиот клуб славеше со 2-4 на гостувањето во Чешка, а младиот шпански репрезентативец беше заменет во 61. минута.
Педри оваа сезона настапи на 25 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, на кои постигна 2 голови и запиша 8 асистенции.
Барселона следниот натпревар ќе го одигра в недела, кога на домашен терен ќе го пречека тимот на Овиедо.