Младиот Пау Виктор е пред трансфер во Брага вреден околу 15 милиони евра, младиот напаѓач не е во плановите на Ханси Флик за новата сезона.
„Каталонците“ го продаваат Пау Виктор, младиот напаѓач е пред трансфер во Португалија, во редовите на Брага.
Се шпекулира со зделка вредна околу 15 милиони евра, односно 12 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 3 милиони евра во бонуси. Целата сума сепак нема да заврши во касата на Барса, 30% од трансферот ќе бидат за Жирона.
Пау Виктор минатата сезона беше во втор план со нешто помалку од 400 минути поминати на теренот, се најде во фокусот на јавноста во јануари месец, кога заедно со Дани Олмо не доби регистрација за вториот дел од првенството.
ФОТО: X/FC Barcelona