Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е една од желбите на Барселона за засилување на нападот, „каталонците“ веруваат дека можат да го купат за помалку од 100 милиони евра доколку во зделката вклучат и еден нивни фудбалер.
Барселона летоска сака да донесе нов напаѓач и подолго време се пишува дека Хулијан Алварез е на врвот од листата со желби.
Атлетико Мадрид нема лесно да се откаже од Аргентинецот и се говори дека ќе бидат потребни околу 150 милиони евра за трансфер.
Но последните информации велат дека Жоан Лапорта и Деко веруваат дека можат да го добијат Хулијан Алварез за помалку од 100 милиони евра.
Но за да се случи ова, Барселона ќе мора да понуди еден фудбалер на Атлетико Мадрид како дел од зделката, иако во моментов не се откриваат имињата кои ќе бидат ставени на маса.