Бразилецот во октомври минатата година стави потпис на нов договор, а за продолжување на верноста, Барселона требаше да му исплати 26 милиони евра.
„Каталонците“ пред неколку дена доставија чек со оваа сума кај нотар, и порачаа дека ќе почекаат да видат каква е разврската на иднината на Нејмар, со оглед на тоа дека десетина дена силно се шпекулираше за негов трансфер во ПСЖ.
Нејмар вчера со 222 милиони евра си го откупи договорот и потпиша за ПСЖ, па Барса одлучи да не ја исплати премијата бидејќи не биле усполнети условите.
„Имаше три услови: Прво, играчот да не преговара со други клуб пред 31. јули. Второ, јавно да каже даека сака да го одработи договорот и трето, исплатата требаше да се изврши на 1. септември со цел тој да не се пресели во друг клуб“ – вели портпаролот Жозеп Вивес.
„Ниту еден од критериумите не е исполнет, па клубот нема да ја исплати премијата“.
„Парите повеќе не се кај нотарот, си ги повлековме назад“.
Нејмар сигурно нема да се сложи со ова, па на суд ќе си ги бара парите.