Барса уште на Монжуик си ја заврши работата, ПСЖ со два позитива ќе патува во Бирмингем! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Барселона со 4-0 ја совлада Борусија Дортмунд и во Германија ќе треба само рутински да го завери местото меѓу четирите најдобри, ПСЖ со пресврт дојде до триумф од 3-1 над Астон Вила во првиот четвртфинален натпревар меѓу овие две екипи.

Барселона покажа кој е кој во моментов, Борусија Дортмунд која има лоша сезона во Германија, во такво светло се покажа и денеска.

Резултатот го отвори Рафиња кој во 25. минута му украде гол на Кубарси, топката одеше во голот кога Бразилецот само ја допре и нему му се запиша голот.

По три минути игра во второто полувреме Левандовски постигна гол за 2-0, тој беше стрелец и на третиот гол за Барса, овојпат погоди во 66. минута.

Точка на мечот стави Ламин Јамал во 77. минута кога реализираше за конечни 4-0.

ПСЖ ја искористи предноста на домашен терен, победи со 3-1 и со два гола предност ќе патува на гостувањето кај Астон Вила.

Гостите од Англија поведоа во 35. минута кога по една убава акција Роџерс реализираше за водство на Астон Вила од 1-0.

Само четири минути подоцна Дуе постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

По четири минути игра во второто полувреме Кварацхелија направи една мајсторија и го совлада Мартинез за комплетен пресврт и водство на ПСЖ од 2-1.

Во судиското продолжение од мечот уште една мајсторијата на играчите на ПСЖ, овојпат во режија на Мендеш кој реализира за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани