Барселона може да „лапне“ убава сума на пари од продажба на Витор Роке, за напаѓачот голем интерес има од Премиерлигата, се говори и за понуда од 50 милиони евра.
Витор Роке се покажа како големо промашување на Камп Ноу, Барселона успеа колку толку да ја поврати инвестицијата, но „каталонците“ сега дополнително можат да ја наполнат касата.
Со одличните настапи во дресот на Палмеирас, напаѓачот го привлече вниманието на неколку клубови, се говори и за понуда од 50 милиони евра.
„Има голем интерес од Англија и Италија, се распрашуваат за цената и условите под кои може да се реализира зделката“ – вели агентот на Бразилецот.
„Пристигна и понуда од Премиерлигата вредна околу 50 милиони евра“.
Како дел од зделката со која Витор Роке се пресели во Палмеирас за 25,5 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, на Барселона и следуваат и 20% од следниот трансфер.
Па ако Бразилецот се врати во Европа за 50 милиони евра, тоа значи дека во касата на „каталонците“ ќе легнат 10 милиони евра.
Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем се посочуваат како клубовите кои на радарот го имаат Витор Роке.