124
Арда Туран не ги оправда очекувањата на Барселона, па Тручинот ќе замине од Камп Ноу во летниот преоден рок.
Барса е во потрага на нов играч за пополнување на оваа позиција, и според Ле Паризиен, клубот од Камп Ноу сака да го ангажира Анхел Ди Марија.
Весникот додава дека Лео Меси ги советувал лидерите на Барса да тргнат токму по неговиот сонародник, и тој треба да помогне при трансферот на поранешниот играч на Реал Мадрид.