Од Барселона веќе
ја имаат првата понуда на маса за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, за што
известуваат во Италија, а Каталонците од поодамна се заинтересирани за
Аргентинецот во кого гледаат наследник на Луис Суарез во нападот.
Истовремено, се
верува дека Лаутаро не крие дека посакува да игра во друштво на својот
сонародник Лионел Меси, а „ФКИнтерЊуз“ пренесе и детали од понудата која
Каталонците веќе ја имаат за 22 годишниот Лаутаро.
Според
информациите, се вели дека Барселона има понуда од 70 милиони евра, а
дополнително во пакет ги нуди и Артуро Видал и Нелсон Семедо како дел од
понудата.
Видал, кој од
поодамна е желба на Интер, на трансфер пазарот има вредност од околу 20 милиони
евра, а Семедо 40 милиони евра, или сумирано со понудата, истата би носела сума
од околу 130 милиони евра.
Се верува дека
Мартинез има откупна клаузула во својот договор со „Нероаѕурите“, а до неговиот
потпис може да се дојде со 111 милиони евра, клаузулата наводно важи во првите
две седмици од јули, а во Барселона барем засега не настојуваат да ја
активираат таа откупна клаузула.
Горе наведениот
медиум додава дека Барселона има и понуда до самиот фудбалер, што се однесува
до личните услови, па така Лаутаро на „Камп Ноу“ би имал годишна плата од 7
милиони евра плус бонуси, секако, тоа може да се оствари доколку ја прифати
понудата, исто како и Интер.