Барса со пресврт во второто полувреме го победи Овиедо! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона со 3-1 славеше на гостувањето кај Овиедо, момците на Флик одиграа натпревар со две различни полувремиња.

По првиот дел водеше Овиедо благодарение на еден необичен гол на Реина кој погоди од речиси половина пенал по една голема грешка на голманот Жоан Гасија.

На почетокот од вториот дел во игра влезе Де Јонг и работите се променија.

Израмнувањето дојде во 56. минута кога Ерик Гарсија реализираше за израмнување на 1-1.

Левандовски во игра влезе во 65. минута, а само пет минути подоцна постигна убав гол со глава.

Точка на мечот стави Араухо кој со гол во 89. минута ги постави конечните 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×