Барса со мега понуда за Верати, Челси и Баерн исто така се во игра

by
1 минути читање

Марко Верати е
целта број 1 на Барселона за засилување на средниот ред, и клубот од Камп Ноу
нема да штеди пари.

Газета дело Спорт
пишува дека агентот на играчот, Донато ди Кампли на лидерите на ПСЖ ќе им
презентира понуда од 100 милиони евра во име на „Каталонците“.

Весникот додава
дека Барса на фудбалерот му нуди годишна плата од 10 милиони евра, односно 4
повеќе од она што Италијанецот го заработува во моментов на Паркот на
Принцовите.

Но Барселона не е
единствениот тим кој го сака Марко Верати, Газета дело Спорт пренесува дека
ситуацијата на играчот внимателно ја следат и Челси и Баерн Минхен.

Антонио Конте
веќе се обиде да го ангажира својот сонародник кога беше на кормилото на Јувентус, а Карло Анчелоти е
голем фан на Марко Верати и токму тој го донесе во ПСЖ.

Самиот играч веќе го направи првиот чекор кон
заминување, и минатата недела го извести новиот спортски директор, Антеро
Енрике дека сака да ја промени средината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани