746
Барселона со победа од 1-0 се враќа од гостувањето кај Бенфика иако во најголемиот дел од мечот играше со десет фудбалери.
Кубарси уште во 22. минута доби директен црвен картон, па Барселона повеќе од 70 минути играше со фудбалер помалку.
Но и покрај тоа го добија дуелот. Стрелец на единствениот погодок беше Рафиња во 61. минута.
Играч на мечот беше Војчех Шчесни кој одбрани се што создаде Бенфика, а домаќините пропуштија многу шанси.