Барса со два гола во финишот го скрши отпорот на Гвадалахара и се пласира во осминафинале!

by riste
1 минути читање

Барселона со 2-0 победи на гостувањето кај Гвадалахара и се пласираше во осминафиналето од Купот на Шпанија, таму оди и Валенсија која исто така со 2-0 славеше на гостувањето кај Спортинг Хихон.

Гвадалахара скапо ја продаде својата кожа, долго време одолеваше на големиот фаворит. Барса конечно постигна гол во 77. минута со погодок на Кристенсен.

Во 90. минута Маркус Рашфорд даде гол и ги постави конечните 2-0.

Со истиот резултат Валенсија победи на гостувањето кај Спортинг Хихон. Димитриевски обично брани во куп натпреварите, но Македонецот е во аут поради повреда, па не беше дел од овој дуел.

Головите за Валенсија ги дадоа Белтран кој погоди уште во четвртата минута и Раба во 48. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×